КРИЗЕН СОСТАНОК ВО БАРСЕЛОНА ПОРАДИ ПРЕПУКУВАЊЕТО НА МЕСИ И АБИДАЛ

//

Синоќа Лионел Меси за прв пат во кариерата реагираше на „Инстаграм“ критикувајќи го спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал.

Капитенот на Каталонците беше изнервиран од интервјуто на Французинот за „Спорт“ во кое тој вели дека дел од фудбалерите не се труделе доволно на тренинзите и натпреварите.

Меси остро го нападна Абидал преку „Инстаграм“, а тоа го крена алармот во Барселона. Шпанските медиуми велат дека претседателот Жозеп Мариа Бартомеу веднаш свикал итен состанок со Абидал.

Не се исклучува можноста поранешниот фудбалер на Барселона веднаш да добие отказ од позицијата спортски директор. Никој во Барселона не смее да се скара со Меси, тоа е очигледно, но Абидал сам бараше кавга откако тргна против фудбалерите.

Навивачите на Барселона исто така не се воодушевени од Абидал, бидејќи не успеа да доведе нов напаѓач на „Камп Ноу“ зимава за да се покрие тимот по повредите на Луис Суарез и Усман Дембеле.



Извор: Спорт1



Претходна статија

ЕРДОГАН МУ РЕКОЛ НА ПУТИН: АКО СИРИСКАТА ВОЈСКА НЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ, ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕМЕ НИЕ

Следна статија

ПО 10.000 ДЕНАРИ НАГРАДА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ПОБЕДНИЦИ НА НАТПРЕВАРОТ „ЛИДЕР НА СТРУКА 2019“

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи