Град Скопје доставува потврди за бруто остварени приходи

//

Согласно со член 77, став 1 од Законот за персоналниот данок на доход (Службен весник на РМ бр. 80/93…..,199/15,23/16), Град Скопје по пошта достави Потврда за бруто остварените приходи, пресметаниот и платениот данок и вкупно исплатените нето приходи во текот на 2017 година, до сите физички лица кои по различен основ имаат остварено приход од Град Скопје /субвенции за печки на пелети, субвенции за велосипеди и слично/.

Потврдата за остварени приходи од Градот Скопје треба да послужи за пополнување на Годишната даночна пријава која даночните обврзници се должни да ја поднесат до Управата за јавни приходи најдоцна до 15 – ти март 2018 година.



Градот Скопје ги известува граѓаните коишто нема да добијат Потврда за бруто остварените приходи, пресметаниот и платениот данок и вкупно исплатените нето приходи во текот на 2017 година дека истата ќе може да ја подигнат во Град Скопје, Сектор за финансиски прашања (барака 7), секој работен ден од 09 до 15 часот.

Претходна статија

Стипендии за летни школи по чешки јазик 2018

Следна статија

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 53-та редовна седница

Најново од Вести