Град Скопје: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ по 26-ти пат одбија да гласаат за набавка на нови автобуси
Денешната седница на Советот на Град Скопје е само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и нивните советници немаат намера да го средат хаосот во јавниот сообраќај, велат од Град Скопје.
Според нив, денес повторно се докажало дека всушност тие се креатори на хаосот.
Повторно го блокираа проектот за БРТ со кој Скопје би добил 60 нови автобуси во рамки на брзиот автобуски превоз.
И како тоа да не е доволно, Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да ја стават на дневен ред точката по барање на приватните превозници, со која тие бараат зголемување на надоместот за јавен превоз, сѐ со цел за да се продлабочи кризата и зголеми хаосот.
Оттука, апелираме до граѓаните, следниот пат кога имаат можност својот глас да го дадат на локални избори за избор на Совет на град Скопје, да не веруваат на ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од Градот.