ГРАДИНКИТЕ ЌЕ БИДАТ ОТВОРЕНИ КОН ПОЧЕКОТОК НА ЈУНИ

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека скринингот во градинките завршува следната недела, најавувајќи дека детските установи ќе започнат со работа кон почетокот на јуни.

„Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од онаа следна недела градинките ќе почнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни“, рече Филипче во интервју за Телевизија 24, пренесува Фокус.