ФИЛИПЧЕ: МОЖАТ ДА СЕ ОДРЖАТ ИЗБОРИТЕ СЕГА СМЕ СО НАЈДОБРИ МЕРКИ

„Ако ги земеме избори дека се своевиден настан тогаш ќе може да се одржат. Ние го враќаме животот полека, ќе има спортски настани, музички настани… Сега сме во ситуација со најдобри мерки, нема училишта, нема отворени граници… на есен ќе имаме граѓани кои биле некаде, патувале, имале контакти и ќе биде поопасно. Па, на есен имаме опасност од сезонски грип и евентуално нов пик на короната“, изјави министерот за здравство Венко Филипче за време на своето гостување во Отворено студио на ТВ 24 на прашањето дали е подобро избори во јуни или на есен.