ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГОСТИВАР БАРА ПОКРАТОК ПОЛИЦИСКИ ЧАС И ОТВОРАЊЕ НА КАФЕАНИТЕ

/

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, ќе му предложи на Централниот штаб, полицискиот час во работни денови да започне во 21 часот, а во викенди и државни празници од 15 часот. Исто така, градоначалникот предлага кафеаните да работат според моделот „Земи и оди“ (шалтерка форма), исто како локалите кои продаваат храна.

Во гостиварскиот регион регистрирани се три нови случаи на коронавирус, во последните два дена, со што вкупниот број е 17.

„За жал, имаме еден починат, излечени се 6 и имаме 10 активни случаи, од кои 6 во општина Гостивар и 4 во општина Врапчиште, додека вкупно се тестирани 202 лица“, информираше Таравари, во својство на претседател на Меѓуопштинскиот кризен штаб.

Тој подвлече дека ситуацијата е релативно стабилна, но дека претпазливоста на граѓаните и почитувањето на препораките од владата треба уште повеќе да се зголемат, особено по олеснувањето на мерките за изолација.



Од Општината соопштија дека една од препораките што произлегле од денешниот состанок била да му се предложи на Централниот штаб полицискиот час во работни денови да започне во 21 часот, а во викенди и државни празници од 15 часот.

Извор: Макфакс



Претходна статија

БРОЈОТ НА ЛУЃЕ ШТО ГЛАДУВААТ ВО ЗАПАДНА АФРИКА МОЖЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ПЕТКРАТНО ПО ПАНДЕМИЈАТА

Следна статија

ЗА 1 МАЈ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ЌЕ ЗАПОЧНЕ ОД 14 ЧАСОТ

Најново од Вести