Градот Гоце Делчев денеска официјално ќе ја одбележи 151-та годишнина од раѓањето на својот патрон
151-та годишнина од раѓањето на Гоце Делчев, ќе биде одбележана денеска во градот што го носи неговото име во Бугарија.
Прославата ќе започне денеска од 17 часот пред споменикот на Гоце Делчев на централниот градски плоштад во градот Гоце Делчев.
На свеченоста ќе присуствуваат раководството на општина Гоце Делчев, претставници на институции, невладини организации, политички партии и образовни институции кои ќе положат венци и цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, во знак на почит и благодарност.

