|

Граѓаните кои се фотографирале за пасош во „Пролет“ и „МРТВ“ ќе добијат СМС кога ќе им биде изготвен

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел да се олесни процесот за подигање на готови пасоши, од понеделник граѓаните кои се фотографирале за пасош во објектот на МРТВ или во ПС Пролет ќе добиваат СМС порака откако ќе им биде изготвен пасошот за да дојдат да го подигнат.

Исто така, граѓаните ќе можат на интернет страната mvr.gov.mk да извршат проверка дали нивниот пасош е изготвен.

„Ги молиме граѓаните доколку немаат добиено СМС порака или доколку на интернет страната на МВР нема потврда дека нивниот пасош е изготвен да не доаѓаат во објектот на МРТВ затоа што тоа значи дека нивниот документ не е готов“, велат од МВР.

Сето ова важи за граѓаните кои се фотографирале во објектот на МРТВ или во ПС Пролет. Граѓаните кои се фотографирале во другите пунктови во Скопје или во другите градови, готовите пасоши ќе ги подигаат на ист начин како и до сега.



Слични Објави