ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ ТРПАТ ЧАД И СМРДЕА СО МЕСЕЦИ- ГРАЃАНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ „ГРИН“ БАРА ИТНО РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ

//

На 13 мај во facebook групата „Кочани протест за чист воздух“ се појави видео од оџакот на фабриката „Пејпер мил“ во Кочани. Во врска со случајот стапивме во контакт со претставници на граѓанското здружение „Грин“, кои ни ја дадоа следната изјава:

„Иако по повеќе превземени активности, фабриката „Пејпер мил“ продолжува да загадува. После првиот протест, отидовме на средба со менаџментот, заедно со други заинтересирани граѓани, и покрај тоа што средбата се одржа надвор од градот, во работен ден во 12 часот кога сите ние имаме работни обврски, дојдоа повеќе од 100 луѓе. Според нас тоа беше направено намерно за да дојдат што помалку луѓе. На средбата ни беше презентиран филтер и додатоци за котелот со цел истиот да не загадува во толкава мера. Сопственикот на фирмата што го монтира филтерот ни вети дека по поставувањето на филтерот нема да има PM10 честички, но не даде гаранција за останатите штетни материи и издувни гасови„ Менаџментот ни кажа дека во периодот април мај ќе се направи и пречистителна станица за отпадните води. Таква станица се уште нема“. Во текот на протестите бевме во редовен контакт со главните лица на фабриката и тие секогаш ни тврдеа дека загадувањето што го предизвикуваат е минимално и во граници на нормалата, за да добијат забрана за работа во рок од 30 дена од страна на инспекција пуштена директно од заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

„Би сакале да дознаеме на што се должи повторното појавување на црн чад од оџакот на фабриката, и секако смрдеата што се чувствува на голем дел од градот? Од страна на фабриката добивме ветување дека со новиот процес на работа за согорување на пелети и метан, нема да има загадување, но тоа не е така и може да се види јасно на видеата и фотографиите направени од граѓаните.“

Според законските регулативи фабрика со А интегрирана дозвола може да работи исклучиво на 2 км од последната куќа во населеното место, а фабриката се наоѓа во населба со 5000 жители и во непосредна близина до средното училиште „Гошо Викентиев“.



„Бараме итно решавање на овој проблем бидејќи се работи за здравјето на нас и нашите деца. Токму во близина на фабриката се наоѓа и најголемиот број заболени од Ковид-19 во Кочани, за жал имаме и еден смртен случај на човек кој живее на 150 метри од фабриката.“- велат од граѓанското здружение „Грин“.

Погледнете ги видеoто и фотографиите на кои јасно се гледа дека загадувањето што го предизвикува фабриката не е во границите на нормалата како што велат од менаџментот на предпријатието.

Претходна статија

КОМУНАЛНИТЕ ИНСПЕКТОРИ И РЕДАРИ ЌЕ ГИ КОНТРОЛИРААТ ГРАЃАНИТЕ ДАЛИ НОСАТ МАСКИ

Следна статија

НА ВОЗРАСНИТЕ НАД 67 И МЛАДИТЕ ДО 18 ГОДИНИ ИМ Е ДОЗВОЛЕНО ДВИЖЕЊЕ ОД 5 ДО 19 ЧАСОТ

Најново од Вести