Граѓаните не можат да бидат заложници, апелирам да се седне и да се разговара со оние кои протестираат, вели Спасовски

/

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакнува дека се разгледуваат сите можни опции, меѓутоа освен разговор со оние кои протестираат нема друга опција.

На денешното примопредавање на донација од Амбасадата на Сојузна Република Германија, во одговор на новинарско прашање Спасовски вели дека кога станува збор за протест или јавен собир доаѓа до судир на правото на слободно движење и правото на протест.

– Апелирам да се седне и да се разговара, не можеме да бидеме ние како граѓани заложници за тоа што некои политички субјекти се скарани. Чесно е да се излезе пред граѓаните и да кажат дека ќе седнат и ќе дојдат до решение, отколку вака сите во Скопје да ги сносат последиците, апелира тој.

Додаде дека од една страна им се даде мандат да управуваат четири години со Скопје, даден им е мандат за бесплатен превоз, а не за блокада, како и привилегија да уживаат во функцијата. Најмалку што може да направат, како што вели тој, е да седнат и да разговараат.

Во одговор за пријавите во Арачиново тој вели дека се налози за апсење за лица кои се во бегство.

– На тие налози се извршени претреси, уапсено беше едно од лицата, а во другиот објект кај другото лице беше пронајдено оружје без дозвола. Ова се активности што се планирани што се одвиваат во континуитет, додека втората контрола е врз основа на оперативна активност што ја имавме, појасни тој.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Србија најави враќање на задолжителниот воен рок

Следна статија

Поразителни податоци: 90 % од младите во Македонија сакаат да си заминат од земјава

Најново од Вести