Србија најави враќање на задолжителниот воен рок

/

Српскиот министер за одбрана, Милош Вучевиќ, ги повика младите во земјата да ја искористат можноста и да одговорат на доброволното служење на воениот рок и најави дека ќе има стручни дискусии за враќање на задолжителното служење на воен рок, нагласувајќи дека тој е за негово враќање и оти ќе се види дали ќе трае три недели или три месеци.

-Враќањето на воениот рок има за цел да ја обучи следната генерација за справување со кризни ситуации за граѓаните на Србија да бидат безбедни. Немирни сме кога имаме поплава или пожар и не знаеме како да реагираме. Кога зборуваме за враќање на воениот рок, не зборуваме за војување, туку војската да биде на услуга на граѓаните кога е најпотребно во најтешките моменти, нагласи министерот за одбрана.

Тој смета дека сите млади полнолетни до 30 години треба да ја поминат воена обука, вклучително и оние постари генерации кои зачекориле во четвртата деценија и кои не служеле војска. Но, за нив би требало да се воведе пократок период на обука од три недели.

– Мислам дека треба да го вратиме воениот рок, без разлика дали тоа е три недели или три месеци, или некој друг период, апсолутно да, порача српскиот министер за одбрана.

Извор: Слободен печат



Претходна статија

Русија со нови ракетни напади врз Украина

Следна статија

Граѓаните не можат да бидат заложници, апелирам да се седне и да се разговара со оние кои протестираат, вели Спасовски

Најново од Вести