|

Граѓаните вакцинирани со Синовак и Синофарм, по три месеци може да примат трета доза на Фајзер

Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на производителот Фајзер, а вакцинацијата е без закажан термин на кој било вакцинален пункт во државата. За граѓаните кои примиле друг тип вакцина, Фајзер, Астра Зенека или Спутник В, трета доза вакцина може да примаат по поминати 6 месеци од ревакцинација.


Националниот Комитет за имунизација денеска донесе одлука со која препорачува граѓаните кои се вакцинирани и ревакцинирани со вакцините на производителите Синовак и Синофарм, трета доза вакцина може да примаат по изминати три месеци од ревакцинација, информираат од Министерството за здравство.
Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на производителот Фајзер, а вакцинацијата е без закажан термин на кој било вакцинален пункт во државата. За граѓаните кои примиле друг тип вакцина, Фајзер, Астра Зенека или Спутник В, трета доза вакцина може да примаат по поминати 6 месеци од ревакцинација.


Министерството за здравство апелира граѓаните во што поголем број да се вакцинираат. Вакцините освен што се ефикасни, се исто така безбедни, укажуваме на важноста на вакцинација. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.



Слични Објави