|

Судот го забрани штрајкот на контролорите на летање

Основниот граѓански суд Скопје донесе решение со кое се забранува најавениот штрајк на контролорите на летање во М-НАВ АД Скопје.
Судот утврдил дека штрајкот е спротивен на закон, бидејќи не е спроведена постапка за мирно решавање на спорот и не произлегува од конкретни барања од работен однос.
Штрајкот беше најавен за 20 и 24 октомври поради, според синдикатот, неисполнети ветувања и лоша состојба во претпријатието.
М-НАВ го поздрави решението и нагласи дека приоритет е безбедноста и непреченото функционирање на воздушниот сообраќај, но останува отворен за дијалог со синдикатот.

Слични Објави