ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО ИЗГЛАСА ДОДАТОКОТ ОД 2000 ЕВРА ЗА СЕКОЕ НОВОРОДЕНЧЕ
Грчкиот парламент вчера го изгласа членот од законот предложен Министерството за труд и социјални работи, што се однесува на новата владина мерка – додаток од 2.000 евра за секое новороденче од 1 јануари 2020.
Додатокот ќе се исплаќа на две рати по 1.000 евра, а за да се добие истиот годишниот приход на семејството не треба да изнесува над 40.000 евра. Мајката треба да има легален и постојан престој во Грција, а доколку е од трета земја, потребно е најмалку 12 години да живее во Грција пред поднесувањето на барањето за додатокот.
Додатокот за новороденчињата е ослободен од секаков дополнителен данок.

