Грција ќе доделува државни стипендии за студенти од Северна Македонија
Грчките власти објавија дека од академската 2025/2026 година ќе доделуваат државни стипендии за студенти од Северна Македонија во додипломските програми на државните универзитети во земјата, пренесува infomax.mk.
Стипендиите ќе бидат достапни за повеќе студиски програми, меѓу кои грчки јазик и литература, историја и археологија, заштита на антики и уметнички дела, медиуми, теологија, право, економија, политички науки и медицина.
Секоја стипендија опфаќа месечен надомест од 650 евра, бесплатен курс по грчки јазик (доколку е потребно), како и бесплатни учебници.
Иако познавањето на грчкиот јазик претставува предност, тоа не е задолжителен услов за аплицирање.
