| |

ГРЕНЕЛ: ПОБЕДАТА НА БАЈДЕН ГО ВРАЌА БАЛКАНОТ ВО СТАТУС КВО

Специјалниот пратеник на претседателот на САД Доналд Трамп за Србија и Косово, амбасадорот Ричард Гренел во Питсбург се сретнал со претставници на српско-американската заедница во организација на иницијативата „Србите за Трамп 2020“, соопштија од таа иницијатива чија претседателка е Олга Раваси.

Како што пренесува Гласот на Америка во соопштението е наведено дека амбасадорот Гренел во текот на средбата зборувал за тоа што Доналд Трамп направил и уште што сака да оствари во Србија.

„Амбасадорот Гренел исто така напомена дека сите се свесни кој е Џо Бајден, што направи на Балканот и колку ги игнорираше Србите и Србија. Амбасадорот потсети дека целиот регион би се вратил на статус кво и дека не би имало напредок доколку би победил Бајден“, се наведува во соопштението на организацијата „Србите за Трамп“ која го поддржува актуелниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп, чиј противкандидат на претседателските избори во вторник на 3 ноември е Џозеф Бајден – поранешниот потпретседател на САД.

Гренел на неговите официјални профили на социјалните медиуми објави своја фотографија како зборува пред американските Срби во Питсбург и напиша „Американско – српски клуб во јужниот дел на Питсбург – Сите за Доналд Трамп. Напред Пенсилванија“.



Слични Објави