|

Григор Димитров го победи Енди Мареј за пласман во третото коло на УС Опен

Бугарскиот тенисер Григор Димитров одигра одличен натпревар против поранешниот светски рекет број 1 и трикратен Грен слем шампион Енди Мареј. Бугаринот победи со 6:3, 6:4, 6:1 и се пласираше во третото коло на УС Опен. Средбата траеше 2 часа и 48 минути.

Димитров совладува двајца противници во Њујорк за прв пат по 2019 година. Тогаш Гришо стигна до полуфиналето.

Првиот сет од мечот беше исклучително изедначен, и исклучително важен за развојот на средбата. Димитров отвори со брејк поен кој веднаш беше вратен од Мареј. Се играше изедначено до 3:3 кога Мареј почна наизменично да греши и Гришо го искористи тоа – 6:3. Повторно Димитров со ран пробив го започна вториот дел, што се покажа како доволно за успех со 6:4.

Во третиот сет Мареј очигледно немаше одговор на играта на Бугаринот и по 6:1 Димитров се поздрави со исклучително престижен успех.

Ова е четврти успех на Гришо во 12 натпревари против Шкотланѓанецот.

Во следното коло Димитров за противник ќе го има Германецот Александар Зверев кој со 7:6(1), 3:6, 6:4, 6:3 го совлада неговиот сонародник Даниел Алтмајер. /БГНЕС/ФОТО: Спортал



Слични Објави