| |

ВМРО-ДПМНЕ: ЈАВНОСТА ЈА ВИДЕ БИЗНИС ЛОГИКАТА НА ЗАЕВ, ИСПРАЌА ПО ЕДНО ЕВРО ВО МЕНУВАЧНИЦАТА НА ВИЦЕТО

Денешниот настан на Заев пред стопанствениците да не беше трагичен ќе беше комичен. Аболицираниот за финансиски криминал Заев се шегува, а бизнисмените му аплаудираат. Аболицираниот за 8 милиони евра се смее, а од друга страна стопанството се урнисува, економијата доживува крах, стандардот паѓа, а граѓаните осиромашуваат.

На јавноста и е потполно јасно дека овој криминален картел на власт предводен од Заев е само камен околу вратот на Македонија. Нивното корумпирано и криминогено работење нема никаква врска со европските вредности, за кои постојано зборува. Овој криминален картел на власт не може да донесе никаква иднина за државата, а уште помалку европска иднина, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Бизнис логиката на Заев ја виде и ја слушна целата јавност. Ако не може да им додели тендер или дозвола на сопствените и партиските фирми, тогаш се испраќа по едно евро во менувачницата на Вицето. Така се богатат на сметка на целиот народ. Така беше во Струмица, но за жал сега таа пракса се пренесе и во цела Македонија.

Граѓаните денес видоа дека додека растот на економијата бележи нула , Заев си кажува вицеви. Здравството е во катастрофална состојба, а не помалку лошо е и во образованието, земјоделството и сите останати области.

Македонија може да напредува само доколку Заев и екипата тендераши околу него не биде на власт. Колку побрзо тоа се случи толку подобро за народот и за државата.

Слични Објави