ГРУБИ И ОСМАНИ ОСТАНУВААТ МИНИСТРИ, ВО НЕДЕЛА СЕ ГЛАСА ВЛАДАТА
Во ДУИ се испеглани разликите околу составот на новиот владин кабинет, а неофицијално се дознава дека во недела ќе се гласа Владата на Зоран Заев и владината програма која вчера била конечно договорена меѓу работните групи на СДСМ и ДУИ.
Нема да има промени во листата на предложените министри со што Артан Групи и Бујар Османи, остануваат во комбинација.
Ова вчера го потврдил и лидерот на партијата, Али Ахмети. Во неформален разговор за Клан Македонија, Ахмети изјавил дека дека тимот на министри предложени од ДУИ ја има поддршката на целата пратеничка група, а разликите за кои се пишуваше последните денови тој ги нарекол како дел од внатрешената партиска демократија.
Според пoследната одлула на највисоките партиски тела, ДУИ во новата влада ке се преставува со Артан Груби, министер за политички систем и односи меѓу заедниците и прв вицепремиер, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Фатмир Бесими, министер за финансии, Насер Нуредину, министер за екологија, Крешник Бектеши, министер за економија и Јетон Шаќири, министер за информатичко општество и јавна администрација.