| |

ГРУБИ: НАРЕЧЕТЕ МЕ ПРЕДАВНИК, ЈАС ГЛАСАМ ЗА

– Пред нас има три копчиња, зелено е за иднина, црвено за стагнација и изолација. Имајќи ја моќта во вашите раце, со ваша визија, предизвикајте го голиот популизам, немој да се криете позади народот, бидете протагонисти, не статисти, рече Груби од собранската говорница.

„Замислете и споредете ја храброста и антиконформизмот низ историјата на личности од нашето поднебје како Гоце Делчев, Питу Гули, Јане Сандански, Скендербег, Хасан Приштина, Адем Јашари, Кемал Ататурк, или уште подалеку во историјата, Јустинијан Први или, пак, Константин, кој одлучил да стане христијанин и да го пресели седиштето на Римската Империја во Бизантиум, Константинопол или денешен Истанбул. Сите тие и многу други ја предизвикале денешницата, статус квото, дотогашното знаење, и дури херетички дејствувале во нивното време, против сите убедувања, против сите меинстрим размислувања, против сите обичаи и верувања. Биле угнетувани, протерувани, исмејувани. Но денес, денес сме им благодарни. Затоа, имајќи ја предвид моќта во вашите раце, не сметајќи на партиски конформизам и калкулации, знаејќи ја важноста на моментот и одлуката, замислете ја вашата одлука со истата храброст на горенаведените и со ваша лична визија за утре“, рече Груби.

Слични Објави