КОНЦЕРТЕН ПЕРФОРМАНС „СОНУВАЊА ЗА ЗАБОРАВЕНОТО“

Во киното „Мис Стон“ во Прилеп вечер со почеток во 20 часот ќе биде изведен мултимедијалниот концертен перформанс „Сонувања за заборавеното“…

Перформансот е базиран врз комбинација на повеќе музички стилови во кои доминира изведба на класична музика од 17 и 18 век, како и традиционални стилови на пеење (изворно, византиско). Целата слика ќе биде дополнета и збогатена со визуелен перформанс.

Концертниот перформанс се реализира со поддршка од Министерството за култура, во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“.



Слични Објави