| |

ГУГЛ СЕ ЗАКАНУВА ДЕКА ЌЕ ГО ЗАПРЕ СВОЈОТ ПРЕБАРУВАЧ ВО АВСТРАЛИЈА

Американската компанија Гугл се закани дека ќе им ја одземе можноста на Австралијците да го користат својот пребарувач доколку Канбера не го измени својот предлог-закон, кој има за цел да го обврзе интернет гигантот да им плаќа на медиумите за нивната содржина, пренесе АФП.

„Доколку овој закон биде изгласан, нема да имаме рационален избор освен да го запреме пребарувачот на Гугл во Австралија“, рече регионалниот директор Мел Силва на сослушувањето на Комитетот на Сенатот во Канбера.

Законот ќе ги принуди технолошките компании како Фејсбук и Гугл да плаќаат на медиумите за нивната содржина или на друг начин да плаќаат казни од 10 милиони австралиски долари (7,7 милиони американски долари).

Компанијата сака да им плаќа на издавачите преку својата платформа за вести наместо врски. Скоро 200 публикации потпишаа договори со Google да станат дел од оваа платформа.



Слични Објави