| |

Гувернерите на централните банки на Бугарија и на Република Северна Македонија разговараа за економските предизвици во регионот

За актуелни теми од економскиот развој во Европа и светот, со фокус на економските предизвици со кои се соочуваат земјите од нашиот регион во однос на ценовната и финансиската стабилност, разговарале гувернерот на Бугарската народна банка Димитар Радев и неговата колешка Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерка на Народната банка на Република Северна Македонија, соопшти прес-центарот на Бугарската народна банка.

Двајцата гувернери беа категорични дека за стриктно исполнување на обврските на централните банки исклучително е важно тие да работат како професионални и независни институции.

Двете страни изразија подготвеност добрата соработка меѓу двете централни банки да продолжи и во иднина, додаваат од БНБ.



Слични Објави