ХАН УТРЕ ЌЕ ГО ПРЕТСТАВИ НОВИОТ ПАКЕТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ

/

Надворешнополитичкиот одбор на Европскиот парламент потврди дека утре е закажан вонреден состанок кога комесарот Јоханес Хан ќе го претстави годинешниот пакет-проширувања.

Во Европската комисија велат дека сè уште не може официјално да потврдат кога ќе бидат усвоени и објавени извештаите за напредокот на земјите во процесот на проширувањето.

Во средината на овој месец Хан во интервју за Радио Слободна Европа најави дека Европската комисија за време на објавувањето на годишниот извештај за напредокот на земјите, кои се во процесот на проширување, на 29 мај, ќе го соопшти отворањето на преговорите за полноправно членство со Албанија и Северна Македонија.



Начелно беше планирано Советот на министрите на ЕУ таа одлука да ја донесе во јуни, но расправата би можела да биде одложена за министерскиот состанок во јули, на почетокот на финското претседателство со ЕУ, зашто на некои земји им е потребна и согласност од националните парламенти.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ВИДЕО: КОСОВСКИ СПЕЦИЈАЛЦИ ВЛЕГОА ВО СЕВЕРНИОТ ДЕЛ ОД КОСОВО

Следна статија

ЗАЕВ И АНЃУШЕВ НАЈАВИЈА НОВА СЛОВЕНЕЧКА ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА 25 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА 90 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА ВО ПРОБИШТИП

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да