Косовскиот премиер Рамуш Харадинај потврди дека специјалните сили утринава спровеле операција за апсење во општините во северниот дел на Косово и, нагласи дека тоа е „операција против шверц и организиран криминал”.
„Во северните општини во Косово се спроведува операција против шверц и организиран криминал во рамките на нашата посветеност на владеењето на правото за сите. Потврдувам дека таа операција е насочена против организираниот криминал, и цел се полициски и царински службеници. Ги повикувам граѓаните да останат мирни”, објави Харадинај на Твитер.