ХАОС ВО ЈУТА ПОРАДИ ЗАКАНА ОД БОМБА: БОГДАНОВИЌ И СОИГРАЧИТЕ ЕВАКУИРАНИ

По натпреварот помеѓу Јута и Голден Стејт во НБА-лигата се случи голем хаос, но за среќа салата беше испразнета па не настана стампедо.

Откако заврши натпреварот, полицијата морала по итна постапка да ги евакуира кошаркарите на двете екипи, кои во тоа време се туширале. Настанала мала паника кај кошаркарите, кои веднаш морале да ја напуштат салата.

Едно од полициските кучиња намирисало сомнителен пакет, односно кутија за алат оставена во еден од рестораните во салата. Полицијата во Јута била на штрек, бидејќи само неколку улици од салата претходно имало пукотници.

По проверката на одделението за бомби било утврдено дека нема опасност од експлозив и дека во кутијата се наоѓал само алат.

Извор: Спорт1

Слични Објави