Хасковска гимназија и градинка од Харманли добија Европска награда за иновативно учење
Природно-математичката гимназија „Акад. Бојан Петканчин“ од Хасково и детската градинка „Ален мак“ од Харманли се добитници на Европската награда за иновативно учење за 2025 година. Информацијата ја соопшти Европската комисија, пренесува БНР.
Признанието е доделено за проекти кои се реализирани со поддршка на програмата „Еразмус+“.
Гимназијата од Хасково е наградена за иницијативата „Развивање на медиумска писменост и спречување на лажни вести“, реализирана во периодот од 2022 до 2024 година. Во рамки на проектот учениците работеле на теми поврзани со проверка на факти, критичко размислување и одговорно однесување во дигитална средина.
Детската градинка „Ален мак“ од Харманли ја доби наградата за проектот „Го градиме нашето знаење и разбирање на светот околу нас преку STEAM“, чија реализација заврши кон крајот на мај оваа година. STEAM-пристапот (наука, технологии, инженерство, уметности и математика) е новина за бугарските предучилишни установи, а оваа иницијатива е меѓу првите што го воведува систематски во раното образование.
Оваа година со Европската награда за иновативно учење се одликувани вкупно 117 проекти од повеќе од 30 држави.
