|

„Херои во сенка“ – добротворен календар за децата на загинати и повредени вработени во бугарското МВР

Синдикалната федерација на вработените во бугарското Министерство за внатрешни работи и „Фотографи со кауза“ на 24 ноември во Варна ќе го претстават добротворниот календар „Херои во сенка“ за 2027 година. Промоцијата ќе започне во 14 часот во Големиот уметнички салон на Радио Варна, соопшти прес-службата на федерацијата.

Со продажбата на календарот се поддржува кампањата „Со љубов за децата, во спомен на татковците херои!“, наменета за децата на загинати и повредени вработени во МВР.

Календарот е резултат на четиригодишната соработка меѓу федерацијата и фотографите. Во новото издание, покрај пожарникарите од Варна, се претставени и нивни колеги од Хасково и Софија. На промоцијата ќе присуствуваат дел од фотографираните пожарникари, фотографите и претставници на федерацијата.

Слични Објави