ХОЏА СЕ ТЕСТИРАШЕ, НА РЕД СЕ ЗАЕВ И НУРЕДИНИ, ОТКАКО СПАСОВСКИ СООПШТИ ДЕКА Е ПОЗИТИВЕН НА КОВИД 19

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својата официјална Фејсбук страна соопшти дека е позитивен на вирусот Ковид 19 и покрај тоа што ги почитувал сите мерки за заштита. Тој кажа дека засега има благи симптоми и дека останува во самоизолација.

loading...

Иако Спасовски вчера присуствуваше на настан на кој беа и премиерот Заев, како и министрите за земјоделство и за животна средина, Арјанит Хоџа и Насер Нуредини, сепак од Владата, но и лично министерот Хоџа, за Плусинфо кажаа дека ги почитувале мерките и дека според протоколите не се обврзани да одат во самоизолација.

И покрај ова министерот Хоџа утрово се тестирал за да потврди дали е негативен на ковид-19.

– Иако вчера бевме на настан со министерот Спасовски, сепак сите присутни држевме дистанца, носевме маски и не се ракувавме. Според протоколите, не сме обврзани да бидеме во самоизолација. Сепак, поради моја, но и сигурност на тимот со кој работам и моето семејство утрово се тестирав на ковид-19 и ги чекам резултатите – вели министерот Хоџа за Плусинфо.


loading...

Целиот напис прочитајте го овде.

Извор: Плусинфо