ХОЛАНДСКИ СУД И НАРЕДИ НА БАБА ДА ГИ ИЗБРИШЕ СЛИКИТЕ ОД ВНУЦИТЕ НА ФЕЈСБУК

Холандскиот суд донесе пресуда дека баба мора да ги отстрани сликите на нејзините внуци од Фејсбук и Пинтерест, бидејќи ги објавила без дозвола од нивните родители, односно нејзината ќерка, пренесува Би-би-си.

Случајот заврши на суд затоа што мајката и ќерката не можеле да се договорат, а бабата одбила да ги избрише сликите на нејзините внуци од социјалните мрежи, па судијата донел одлука врз основа на директивата на Европската Унија за заштита на податоците.

Таа директива не важи за „строго лични“ или постапки во однос на семејствата, но е направен исклучок затоа што фотографиите биле објавени на социјалните мрежи, што ги прави достапни за пошироката јавност.

Бабата треба да ги отстрани сликите или да плати казна од 50 евра за секој ден додека не ја исполни судската одлука, се до износ од 1.000 евра.Во случај повторно да објави слики од нејзините внуци, повторно ќе и се изрече казна од 50 евра на ден.

Извор: Макфакс



Слични Објави