БУГАРИЈА ГИ ОТВОРА ГРАНИЦИТЕ- ЗА ПРЕСТОЈ ДО 7 ДЕНА НЕМА ДА СЕ ОДИ ВО КАРАНТИН

/

Од денеска Бугарија ги отвора своите граници за државјани на ЕУ и за земјите од Шенген, плус Сејшели, Андора, Ватикан, Монако и Сан Марино.

Ова станува јасно од заповед потпишана од министерот за здравство на Бугарија Кирил Ананиев.

Лицата што ќе престојуваат на територијата на Бугарија во временски период од 7 дена нема да одат во карантин.



Влезот во Бугарија е условен со пополнување на декларација во која ќе биде наведена целта на патувањето и лицата за контакт на бугарска територија. Патникот треба да декларира исто така дека нема симптоми на коронавирус и дека не е ставен под задолжителна самоизолација.

Влезот во Бугарија е дозволен за сите бугарски државјани и за странци кои имаат брак со државјани на Република Бугарија.



Претходна статија

БУГАРИЈА ДОНИРАШЕ МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА НА МАКЕДОНИЈА

Следна статија

ПО 17 ЧАСОТ ДЕНЕСКА ЌЕ ЗНАЕМЕ ДАЛИ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ИМА ПРОДОЛЖЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Најново од Вести