|

Хрватска прославува 26 години од воено-полициската акција „Бура“

Како и секоја година, на 5ти aвгуст во Книн денеска се одржува централната церемонија по повод прославата од 26 годишнината од акцијата „Бура“. Денес во Хрватска се празнува Денот на победата, татковинската благодарност и Денот на хрватските бранители.


На прославата за разлика од минатата година нема да присуствуваат претставници на српското малцинство во Хрватска. Потпретседателот на хрватската влада од Независната демократска српска партија, Борис Милошевиќ овој пат нема да присуствува на централната прослава на стадионот „Динара“ во Книн каде што ќе присуствуваат премиерот Пленковиќ и останатите министри во владата.


Акцијата „Бура“ (Олуја) беше воено-полициска акција која започна на 4ти август 1995 година и во само 4 дена Хрватска поврати контрола врз повеќе од 10.000 км2 од својата територија од страна на побунетите Срби. Како официјален ден на победата се смета 5 август, денот кога хрватските сили навлегуваат во Книн, главниот град на тн. Република Српска Крајина. Олуја за Хрватска означува крај на воените дејствија на нејзината територија кои однесоа преку 20.000 човечки животи, стотици илјади раселени лица и преку 40 милијарди долари материјална штета.



Слични Објави