| |

ЗАСЛУЖЕН ОДМОР ЗА НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТИ И УЧЕНИЦИ

Педесетина ученици-основци од училиштата во Општина Карпош, од 14-20 август ќе престојуваат на ученичката екскурзија во спортскиот камп „ Скурас“, во соседна Грција. Шампионите во кошарка од „ Јан Амос Коменски“, во фудбал од „ Братство“, прваците во одбојка од „ Петар Поп Арсов“, и ракометарите од „ Христијан Тодоровски- Карпош“, како и првенците на генерација, предводени од раководителот на Одделението за култура и спорт Патрик Поповски, цела седмица ќе се релаксираат, спортуваат и дружат, во спортско- регреативниот камп.

Локалната самоуправа, деветта година по ред, организира ученички екскурзии во некои од спортско-рекреативни центри во соседните држави, како награда за постигнатите спортски и ученички успеси во изминатата година.



Слични Објави