| |

Кошта во Софија: Кандидатите за ЕУ да ги спроведат реформите и да ги исполнат претходно преземените обврски

Земјите-кандидатки за членство во Европската Унија мора да ги спроведат неопходните реформи и да ги исполнат претходно преземените обврски, изјави Антонио Кошта на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Румен Радев, пренесува БГНЕС.

„Безбедноста го опфаќа и проширувањето на ЕУ со Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан. Тоа е инвестиција што Европската Унија треба да ја направи“, рече Кошта.

Тој нагласи дека пристапувањето кон Унијата ќе зависи од напредокот на земјите-кандидатки во спроведувањето на реформите и исполнувањето на преземените обврски.

Бугарскиот премиер Румен Радев изјави дека Кошта е добро запознаен со бугарската позиција за проширувањето на ЕУ и дека високо ја оценува.

„Кошта многу добро знае дека Бугарија е силен двигател на интеграцијата на соседните земји. Проширувањето треба да се одвива врз основа на заслуги, а не поради конкретни геополитички причини“, нагласи Радев.

Слични Објави