| |

ХУСЕЈИН: И ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА, ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО ФОКУС

Заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин учествуваше на онлајн средба во организација на движењето на родители на деца и лица со телесна попреченост „Пркос“.

По повод 25 март, Денот за подигање на свеста за церебрална парализа, заменикот-министер истакна дека Министерството за труд и социјална политика и во услови на пандемија и корона-кризата, посебен фокус стави на заштита на децата и лицата со попреченост.

„Министерството за труд и социјална политика во дел од социјалната реформа којашто ја спроведува опфаќа и обезбедување нподдршка за децата и семејствата кои имаат потреба од нивно вклучување во активности надвор од домот, како што се дневните центри“, истакна Хусејин.

Тој посочи дека на тој начин се овозможува за децата и лицата со церебрална парализа да се зголеми вклученоста во заедницата.

„Се намалува старосната граница од 18 на 6-годишна возраст на децата со попреченост за користење на услугата личен асистент која наскоро ќе биде достапна за сите оние на коишто им е потребна“, потенцираше Хусејин.

Според него, со новиот Закон за социјална заштита се воведуваат нови права коишто не биле предвидени, како што е правото на паричен надоместок за попреченост, коешто порано е користено само од лицата со најтешка телесна и сетилна попреченост, а сега е проширено и на лицата со тешка или длабока интелектуална попреченост. Потоа, услугите за лична асистенција и услугата за помош и нега во домот, услугата за одмена на семејна грижа, рехабилитација и реинтеграција на лица кои се соочуваат со социјални или здравствени проблеми, психо-социјална поддршка, терапевтска работа, работно-окупациона терапија, поддршка за стекнување на работни вештини и вештини за вработување, реинтеграција и самостојно живеење.



Слични Објави