| |

ИЛИЈА ДИМОВСКИ ГИ ПОВИКА ПРАТЕНИЦИТЕ ДА ГЛАСАТ ПРОТИВ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

Сè што треба денеска да направиме е да го артикулираме гласот на граѓаните, односно да констатираме дека овие уставни измени не можат да бидат составен дел од Уставот на Република Македонија, и тоа не важи само за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку се почитува Уставот на РМ, тој став треба да го имаат и пратениците на СДСМ, ова треба да заврши денеска, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

„Засега нема никаков договор помеѓу опозицијата и власта, денеска ситуацијата не е таква. Денеска единствено што треба да констатираме е да ја испочитуваме одлуката на граѓаните. Во вакви ситуации ниту Собранието е носител на одлуките, ниту Владата“, рече Димовски пред почетокот на седницата.

А за во иднина, Димовски на сите политичари во државата им посака многу памет, мудрост и свест.

Извор: Точка



Слични Објави