| |

СИТУАЦИЈАТА Е СТРАШНА ВО БАРСЕЛОНА И ПАРКИНЗИТЕ СТАНАА МРТОВЕЧНИЦИ

Затворен паркинг во Барселона е претворен во огромен импровизиран додаток на мртовечницата во време кога градот се бори да се справи со бројот на починати од новиот коронавирус Ковид-19, пренесува РТ.

Погребалниот дом „Мемора“ ќе биде најголемата теренска мртовечница во Шпанија со капацитет за речиси 2.000 ковчези.

Фернандо Санчез, директорот за комуникации на „Мемора“ во Барселона, рече во четвртокот:

„Имаме можност да го зголемиме капацитетот тука и во другите големи погребални домови што ги имаме во градот, така што капацитетот ќе биде многу, многу голем“.

За споредба, две нови мртовечници поставени во Мадрид имаат капацитет само за 900 ковчези. Ковид-19 досега однесе 10.935 животи во земјата, посочува шпанското Министерство за здравство.

Извор: Макфакс

Слични Објави