| |

Илирија-ИНА: Илинденското востание и Албанците

„Албанци, Власи и Бугари се учесници во Илинденското востание. Ова го потврдуваат историчари и документи од познати светски и регионални архиви. Историчарот Неби Дервиши од Струга нагласува дека врз основа на документи од странски архиви главната улога во Илинденското востание ја играле Албанци, Власи и Бугари, додека Македонците не се споменуваат во ниту еден документ.“ – пишува информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА во својата статија со наслов „Илинденското востание и Албанците“.

Во својата статија ИНА изнесува: „Според историчарите, улогата на Албанците и другите во ова востание како да се заборава, препуштајќи им ја на Македонците заслугите на овој дел на историјата. Фактите за учеството на Албанците во востанието од 2 август може да се најдат во речиси сите документи на бугарското и австроунгарското време, како и во времето на другите.“

„Учеството и придонесот на Албанците во ова востание од локален карактер беше очигледно, не само во подготовката, туку и во учеството. Ова се документира и во законодавните тела, во Големото собрание, кое по 2 август беше избрано со 60 луѓе: со 20 Албанци, 20 Власи и 20 Бугари. Албанците биле дел и од привремената влада на Крушево“.

Историчарот Дервиши: „Албанците беа клучните чинители“

„Историчарот Неби Дервиши вели дека врз основа на документи од странски архиви главната улога во Илинденското востание ја играле Албанци, Власи и Бугари, додека Македонците не се споменуваат во ниту еден документ.“

„Главната цел на востанието била формирање заедничка држава за сите етникуми, што живеат во оваа земја, а не, како што подоцна се трубеше, да се формира држава за македонскиот народ.“ – вели историчарот Дервиши за ИНА.“

„Без Албанците Илинденското востание немаше да се случи, поради нивниот придонес во ова востание, и покрај фактот дека беше локално и траеше 12 дена. Всушност, Албанците ќе учествуваат и во органите на управување на Републиката, како на пример во Собранието на Крушевската Република, што беше формирано во овој град: од вкупно 60 луѓе, 20 беа Албанци, 20 Власи и 20 Бугари.“ – нагласи познатиот историчар од Струга Дервиши.“

„Според него, улогата на Албанците во ова востание и во она, што следело по него, се покажува и од фактот дека во Владата на Крушевската Република имало 2 православни албански министра.“

„Пјетер Гури бил командант на борбената единица на ова востание. Според сите документи и истражувачи од тоа време, Никола Болјари бил еден од двајцата министрите, а вториот, бил Ѓорѓи Ќаче. Тие се споменуваат како членови на Владата на Крушевската Република.’ – нагласи Дервиши.“

„Историчарот Неби Дервиши вели дека во архивите на Истанбул, Софија и Скопско постојат документи од тоа време, кои можат да ја докажат големата улога на православните Албанци во формирањето на Крушевската Република.“

„Некои албански историчари дури тврдат дека без Албанците, Илинденското востание не можело ни да се замисли и тоа, според нив, било обид за изградба на Република, заснована како држава на сите етникуми!“ – се наведува во статиjaта „Илинденското востание и Албанците“ објавена од Илирија-ИНА.



Слични Објави