| |

ЏАФЕРИ – ЖИДАН: ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ И ВО НАТО ОТВОРА БЕЗБРОЈ МОЖНОСТИ

Денеска во Собранието на Република Македонија, претседателот Талат Џафери оствари средба со претседатлот на Државниот збор на Словенија, Дејан Жидан. Тој по средбата порача дека Македонија припаѓа на семејството на европските народи.

– Македонија историски, културно, политички и географски влегува, односно припаѓа во семејството на европските народи, ЕУ и НАТО кои се основни гаранти на безбедноста и стабилноста, како и почитувањето на заедничките вредности на народите. Членството во нив овозможува безброј можности за добар и брз развој на стопанството и подобри животни услови и развој во секоја област во земјата, истакна Жидан.

– Компромисот е тежок, но е нужен и верувам дека е добар. Секој компромис бара отстапки, но доколку ни го носи она што е најважно тоа е од исклучителна важност за сите, па и за македонските државјани, рече претседателот на словенечкиот Збор.

– Македонците ќе ги нарекуваме Македонци, ќе биде зачуван македонскиот јазик, во меѓународните организации земјата веќе нема да биде под ПЈР Македонија, а притоа е важно дека македонскиот јазик и словенечкиот ќе бидат рамноправни и официјални јазици на ЕУ, рече Жидан.

Посетата на Жидан, потенцира Џафери, е потврда за поддршка во пресрет на референдумот, но и воопошто на РМ за полноправно членство во НАТО и во ЕУ.



Слични Објави