| |

(Видео) Правнукот на Гоце Делчев, маестро Христо Христов: Не сум ѝ простил на бугарската држава, тоа што ги предаде неговите коски на Македонија

Сакаме да биде добро, ова што се случува сега не е добро и не гледаме смисла некој да страда. Навистина се надевам дека нема да има тензија во Скопје. Ова во студиото на Еуроњуз Бугарија го изјави диригентот маестро Христо Христов, чиј прадедо е брат на Гоце Делчев.

„Тој е човек на времето. Роден сум во семејство и маало каде што сите сме потомци на Македонци. Ова е најмалку една третина од Бугарите. Под Македонци ние подразбираме нешто друго. Тоа не се разликува од Бугарин. Тоа е како да кажеш дека си од Софија“, вели маестро Христов.

„Јас лично не сум го простил предавањето на коските на Гоце Делчев во Македонија. Има и поголеми гревови, ако предавањето на неговите коски влијае на едно семејство, има и други кои влијаат на повеќе луѓе. Јас лично не сум го простил овој чин. За него го искористиле целиот државен апарат. Предавањето на коските било дел од политички договор. Според мене, ова е едно клучно место што ја отвори Пандорината кутија“, вели правнукот на братот на Гоце Делчев.

Навистина сакам да видам крај на овие проблеми. Нека луѓето го помнат, тоа што се случило пред толку години. Ако некој сака да оддаде почит нека го направи тоа. Ова е гроб, таму не се пее и не се игра, таму треба да сме смирени. Да го почитуваме споменот тивко, кротко и мирно. Семејството страдаше доволно, доста е веќе“, дециден е маестро Христов.



Слични Објави