Пожар избувна во магацин на фабриката за оружје „ЕМКО“ во Бугарија, вработените се евакуирани
Пожар избувна во магацин на фабриката за оружје „ЕМКО“ во реонот на селото Горни Вртишта, во областа Габрово, Бугарија. Објектот е обезбеден, а вработените се евакуирани. Според раководството на компанијата, нема опасност за нив, јавува БГНЕС.
На местото се испратени три екипи на противпожарната служба, а активиран е и системот BG-ALERT. Засега нема опасност за населението во околните места, при што најблиската населба е оддалечена повеќе од еден километар.
На местото се очекуваат министерот за внатрешни работи на Бугарија Иван Демерџиев и главниот секретар на МВР Љубомир Николов.
Инцидентот се случува нешто повеќе од еден месец по експлозиите во магацинска база на „ЕМКО“ кај селото Белица на 10 август. При расчистувањето на 566 декари околу објектот беа пронајдени 60 неексплодирани боеприпаси, а беа собрани и околу два тона метални остатоци.
Обвинителството во Габрово сè уште го истражува августовскиот случај, додека причините за најновиот пожар допрва треба да бидат утврдени.

