Бугарија убедливо ја совлада Португалија со 3:0 на Европското првенство во одбојка
Одбојкарската репрезентација на Бугарија ја совлада Португалија со 3:0 во сетови во својот втор натпревар на Европското првенство. Бугарите славеа со 25:18, 25:18 и 25:20, јавува БГНЕС.
Александар Николов беше најефикасен кај победникот со 17 поени, Мартин Атанасов освои девет, а Денислав Брдаров осум. Кај Португалија, Андре Переира постигна 13 поени.
Со победата Бугарија се искачи на врвот во групата Б со максимални шест бода, колку што има и Украина. На стартот на првенството Бугарија ја совлада Северна Македонија со 3:0.
Следниот натпревар Бугарија ќе го одигра против Украина од 19:00 часот.
