Осум партии и 15 иницијативни одбори поднесоа документи за учество на претседателските избори во Бугарија
Вкупно осум партии и 15 иницијативни одбори поднесоа документи за регистрација за учество на изборите за претседател и потпретседател на Бугарија, што ќе се одржат на 25 октомври 2026 година, покажуваат податоците на Централната изборна комисија заклучно со 17:00 часот на 11 септември, пренесува БГНЕС.
Меѓу партиите што поднеле документи се „Преродба“, „Правото“, „Движење за права и слободи“, „Бугарска социјалдемократија – Евролевица“, „Народна партија Вистината и само вистината“, „Морал Единство Чест“, „Величие“ и Бугарскиот земјоделски народен сојуз.
Меѓу независните кандидатури се Волен Сидеров, Илијана Јотова, Андреј Ѓуров, Лачезар Аврамов, Иванка Цветанова-Петкова, Методи Бачваров, Иво Лулчев, Искра Недева, Росен Миленов, Величка Георгиева, Камен Тасков, Нако Стефанов, Борис Анзов, Георги Димов и Јордан Малџански.
ЦИК допрва треба да ги разгледа поднесените документи. Самото поднесување пријава не значи автоматски дека сите кандидатури ќе бидат одобрени за учество на изборите.

