| |

Бугарското здружение на родовите од Македонија ја одбележа 122-та годишнина од Илинденско-Преображенското востание

Со положување на свежо цвеќе пред Споменикот на борците од Македонија, Одринско и Тракија во Софија, Бугарското здружение на родовите од Македонија традиционално ja одбележа 122-годишнината од Илинденско-Преображенското востание по стар стил.

Во своето пригодното обраќање Љубомир Талев го нагласи бугарскиот карактер на востанието, како што тоа го просведочиле самите учесници и меѓународниот печат од тоа време. Талев ја истакна и вербата дека огнот на борбата за остварување на заветот на Васил Левски – сите Бугари да живеат слободни во една држава и да бидат рамноправни со другите европски народи – нема да згасне сè до нејзиниот праведен и успешен крај.

„Бог да ги прости илинденците и да живее Бугарија!“, стои во објавата на Љубомир Талев од Бугарското здружение на родовите од Македонија.



Слични Објави