| |

Илинден 1903-2025, 122 години потоа

Facebook статус на Михаил Пановски

Независно по кој календар го славиме. 13 дена порано или покасно.

За МЕНЕ Илинденско востание е востанието во Костурско-Леринско-Корчанскиот крај. Слободната Корешта.

Со огромна почит кон Крушевските комити и Апостолите Никола Карев и Питу Гули. На кои патем речено комунистите на првиот му го затвориле братот Георги и неколку денови пред отслужување на казната свирепо го убиле во затворот. За да потоа го избришат Карев и од химната. А на вториот пак му го отепале синот Стерио веднаш кога влегле во Крушево. А останатите два сина на Питу – Никола и Ташко пак ги отепале “администраторите” помеѓу двете светски војни а денес наши главни културни окупатори. Неисе.

Костурската комитска чета броела повеќе од 2.000 вооружени комити под команда на Великиот Васил Циљо Чекаларов. Имала мрежа во сите села. Плус освен што се бореле против турците, се бореле и против грчките андарти. И контролирале голема слободна територија неколку месеци. За разлика од 10те дена Крушевската Република и фалсификатот Крушевски Манифест напишан 1923 од страна на Никола Мајски.

Од кои причини нашите фалсификатори историчари ( голем дел од нив нелустрирани соработници на тајните комунистички служби) не сакаат ова да се изучува кај нас не знам. Дали Чекаларов и неговите најблиски другари се дел од нашата историја или не смеат да бидат. Тоа треба да ни го кажат тие – погоре споменатите фалсификатори кои патем речено не можат да објават никакава статија во ниту едно научно списание во светот со Импакт фактор.

Сепак капата долу и поклон до земја на тие што го дигнаа Востанието :

– Борис Сарафов, Даме Груев, Ташко Лозанчев, членови на Главниот штаб , како и на нивните заменици Георги Поп Христов, Петар Ацев и Лазар Поп Трајков.

Кога ке ги прочитате изворните писанија на тие што учествувале на Смилевскиот Конгрес и донеле одлука за дигање на Востанието ќе ви стане јасно дека ние како нација за цело време сме биле едуцирани во лаги во текот на нашиот образовен процес.

Уште еднаш за крај, нека е вечен споменот на овие храбри мажи



Слични Објави