| |

САД и Бугарија разговараа за проширување на економската соработка

Делегација на Американско-централноевропската деловна асоцијација (ACEBA) ја посети Софија од 21 до 23 октомври и одржа средби со претставници на бугарските институции и деловната заедница за проширување на економската соработка меѓу САД и Бугарија, соопшти Амбасадата на САД во Софија.

Според соопштението, на средбата со премиерот Румен Радев биле разгледани можностите за соработка во високите технологии, енергетиката, суперинтелигенцијата, вселенската индустрија, здравството и стратешките инвестиции.

Радев го истакнал значењето на американските инвестиции и придонесот што американската технологија и деловното искуство можат да го имаат за економскиот развој на Бугарија.

„За Бугарија, поблиските врски со американскиот бизнис можат да донесат инвестиции, технологии, стручно знаење и нови можности за раст на бугарските компании на меѓународните пазари“, се наведува во објавата на амбасадата.

За американските компании, според амбасадата, посилното трговско и инвестициско партнерство со Бугарија отвора можности за пристап до нови пазари, поотпорни и посигурни синџири на снабдување и соработка со бугарски иноватори.

ACEBA ги поврзува американските компании со претставници на државните институции и деловната заедница во Централна Европа. Посетата на Софија била насочена кон создавање нови можности за американските и бугарските компании.

Слични Објави