|

Илјада различни монети најдени кај скопјанец на Табановце

Вчера на Граничниот премин Табановце, при влез во државата, приведен е  С.Ј.(51) од Скопје.

При извршена дополнителна контрола на лицето, пронајдени се и одземени 1.120 парчиња различни видови монети. Со него бил извршен службен разговор во кој тој појаснил дека монетите му биле испратени по карго, по претходен договор со лица во Република Србија, од каде отишол да ги земе.

Лицето е предадено на полициски службеници во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе следува поднесок.



Слични Објави