| |

Илон Маск им направи реклама на градот Белоградчик и на Бугарија

Илон Маск, најбогатиот човек на планетата, им направи реклама на Белоградчик и Бугарија. Основачот на Tesla и SpaceX на својот профил на социјалната мрежа Twitter сподели фотографија од тврдината „Калето“ во Белоградчик, направена од бугарскиот фотограф Владислав Терзијски. Фотографијата е направена со дрон и ја открива уникатноста на карпите и историската тврдина. Објавата на Маск беше придружена со текст „Бев сигурен дека ова е во Елден Ринг“ (fantasy видео игра), јавува БТА.

„Тврдината Белоградчик и карпите во нејзина близина се меѓу 100-те национални туристички места на Бугарија. Од почетокот на оваа година локалитетот го посетиле близу 70.000 бугарски и странски туристи. Под убавината на Белоградчишките карпи, во дворот на тврдината, седма година по ред се спроведува идејата на академик Пламен Карталов – летен фестивал „Опера на врвовите“. Под отворено небо, љубителите на операта и балетот се сведоци на необични сценски решенија и режисерска интерпретација. Јавноста ужива во уметноста на уметниците од Софиската опера и балет и гостите изведувачи, режисери и музичари“, изјави за БТА Росен Младенов, заменик градоначалник на Белоградчик.

Во ноември минатата година, Илон Маск стана првиот човек во светот со нето богатство од 300 милијарди долари, а до ден денес продолжува да биде најбогат човек на планетата, според рангирањето на Форбс.



Слични Објави