|

Пожарот во „Усје“ е локализиран, пожарникари останаа да дежураат

Пожарот во Цементарницата „Усје“ кој бил забележан на пладне, е локализиран, но на местото остануваат пожарникари заради постојана контрола, изјави командирот на скопската Прптивпожарна бригада Здравко Томевски. Станува збор за оган што избувнал на електричната инсталација во ротациската печка на Цементарницата.

„Чадот што се издигаше над Цементарницата, а бил забележан и од граѓаните во општините Кисела Вода и Аеродром, практично излегол од тунелот за вентилација на печката за производство на цемент. Нема повредени лица, ниту пак се зафатени печката, оџаците или материјалите на кои се базира производството“, рече Томески.



Слични Објави