Одбележуваме 44 години од смртта на Гена Велева- активистка на ММТРО и сопруга на Коста Црнушанов
На 13 август 1979 г во Софија умира легендарната Гена Велева. Една од најзначајните бугарски револуционерки и национална хероина за време на српско-грчкото ропство во Македонија (1913-1941).
Таа е и просветен работник, јавна личност и активист на Македонската младинска тајна револуционерна организација (ММТРО), огранок на ВМРО и една од основачките на Тајната културно-просветна организација на македонските бугарки (ТКПОМБ).
Гена Велева е родена во Скопје, во тоа време во Отоманската империја. Студирала во Софија, каде што дипломирала на Педагошкиот отсек на Втората женска гимназија. После тоа се вратила во родниот град и се приклучила на ТКПОМБ. По Скопскиот студентски процес Велева е предадена на властите и уапсена, под истрага на Жика Лазиќ.
Гена Велева успеала да побегне во Виена, каде што објавила апел до светската јавност во име на македонските Бугарки, во кој ги опишува сите нивни страдања. Српските власти бараат екстрадиција на Велева, но Австрија одбива и ѝ забранува политички активности.
Гена Велева се омажила за Коста Црнушанов и заедно со него се преселила во Бугарија во 1934 година. Таа до крајот на животот се посветила на делото на Црнушанов и на нивното семејство.

